Center 213

За нас 2 1 3 симболизира рамнотежа, комуникација, мир и остварување на желбите и соништата во реалност.

Бројот 2 симболизира рамнотежа, партнерства и просперитет.
Бројот 1 претставува лидерство, успех и одлучност.
Бројот 3 е поврзан со самодоверба, мудрости и знаење, и исто така е број на Возвишените Учители.

Збирот од 213 е бројот 6 (2 + 1 + 3 = 6), кој претставува безусловна љубов, емпатија, несебичност, семејство и дом.

Симболиката на 213 е поврзана со одржување позитивен став, изразување на вашите желби и доверба во вашата интуиција, како и хармонија во сите аспекти на животот.

213 значи да останете верни на себе преку одржување позитивност. За да ги исполните вашите желби, потребно е да задржите позитивен начин на размислување и да продолжите да верувате во вашите таленти и вештини.

213 е повик од духовниот свет кој ве потсеќа да се ослободите од минатите трауми и стравови. Наместо тоа, направете простор за луѓе и можности кои ве издигнуваат. Само преку позитивно размислување можете да станете успешни и да ги постигнете вашите цели, затоа верувајте дека вашата интуиција може да ве води до вашето совршенство.

На крај, сè се сведува на верување во себе и живеење со посветеност!

Визуелен идентитет на брендот и логото

Мулти димензионален аспект
  • Логото е дизајнирано како цилиндер од брава за отварање на врата, во кој се внесува клуч. Ваквиот аспект симболизира отварање на нови можности, перспективи и хоризонти во процесот на личниот развој и самоизразување.
  • Инверзното значење на логото пак симполизира копче за вклучување и исклулување. Во нашиот случај ги вклучуваме добрите намери и процеси додека ги исклучуваме негативните навики и деструктивни процеси.
  • Нумеричкиот мотив II I III, кој го темели центарот, носи двојна симболика. Од една страна, римските броеви му даваат стабилност преку столбовите, а од друга страна, нумеролошкиот аспект ја нагласува важноста на осцилацијата, падовите од 2 на 1 и издигнувањето од 1 на 3.
About About
About About
Истакнат преку трите препознатливи бои:
  • Портокалова: Симболизира енергија, креативност и радост. Таа е боја која инспирира акција и отвора нови перспективи.
  • Зелена: Претставува стабилност, хармонија и природен развој. Оваа боја потсетува на растот и духовната рамнотежа.
  • Сина: Ја одразува довербата, мудроста и спокојството, кои се основа за внатрешниот развој и смиреност.

Нашиот Центар

Здружение “Центар за личен развој, креатива и настани ДВА ЕДЕН ТРИ’’ е ЦЕНТАР со добри активности за сите генерации.

Нашата Визија

Визијата на центарот ја сочинува намерата за припадност на здрави, активни, исполнети, хармонизирани и силни индивидуи од сите возрасти во општеството во кое живееме.

Нашата Мисија

Мисијата на 213 е зајакнување на личноста преку обезбедување разновидни активности и настани кои го негуваат физичкото здравје, емоционалната благосостојба и креативниот израз. Преку јогата, танцот и другите активности, градиме заедница посветена на личен раст и развој, во духот на дисциплината која ги негува вредностите во колективната позитивност.

Историјат на Центар 213

About About

Центар 213 е плод од десетгодишното работење и посветеност на Здружението за афирмација на Аргентинско танго „Институт Тангом“ основано во 2014 година.

Во 2016 та година институтот се трансформира во „Академиа Тангом“ за изучување на друштвено танго, креаирање на танго заедница и организирање на многу бројни настани.

Сепак, секое патување отвора нови врати. Преку искуствата, предизвиците и достигнувањата, сфативме дека љубовта кон танцот е само еден аспект од пошироката мисија – мисија која вклучува личен развој, креативност и социјална интеракција. Така, по деценија исполнета со ритам и емоции, еволуиравме во нешто уште поголемо – Центар 213 со проширени активности.

Денес во 2024 година, Центар 213 не е само место за танц, туку светилник на креативност, хармонија и раст. Со ребрендирањето го проширивме нашето делување, воведувајќи активности како јога за деца и родители, Јога за сите возрасти како што се Хата јога, Аштанга јога, Хормонлана јога и јога само за жени - Берегинија јога, програми за активни пензионери, прв свадбен танц, концерти, работилници, промоции и организирање на културни настани.

Од корените на тангото, го создадовме овој центар како простор за нови почетоци, инспирација и трансформација. Со гордост ви го претставуваме нашето ново поглавје – Центар 213, дом за сите кои сакаат да растат, да се среќни и да инспирираат!

Avater
Владанка Колева
Ко-Основач и председател
Avater
Онур Мок Мехмед
Oсновач

350+

Организирани настани

1008+

Одржани часови

900+

Членови

Просторот на Центар 213

Центар 213 е просторија која нуди комбинација од функционалност, удобност и естетика, совршено дизајнирана за личен развој и креативни активности. Просторот, со вкупна површина од 114 м², е внимателно уреден во препознатливите три бои на Центарот – портокалова, зелена и сина, кои создаваат хармонична атмосфера за работа и релаксација.

Влезот е на приземје и ве дочекува со работна просторија, што веднаш ја поставува топлината и динамиката на просторот. Понатаму, низ скалите што водат надолу, се пристапува до две соблекувални – машка и женска, два тоалети машки и женски, што обезбедува удобност и практичност за посетителите.

Во рамките на просторот е поставен и дел со четири масички и 16 столчиња, шанк со создавајќи пријатен агол за дружење, работа или одмор. Централниот отворен простор, со површина од 60 м², е идеален за широк спектар активности – од јога и танц до работилници и креативни настани. Просторот е опремен со дрвен ламинат, кој додава природна топлина, како и современо осветлување што овозможува пријатна атмосфера.

За целосна удобност, просторот располага со врвна ДАИКИН климатизација, која го прави погоден за користење во сите сезони. Центар 213 е повеќе од простор – тоа е инспиративно место што ја поттикнува вашата креативност, хармонија и личен раст.