Друштвено Аргентинско танго е партнерски танц со потекло од Уругвај па Буенос Аирес, Аргентина.
За разлика од кореографските сценски изведби, социјалното друштвено танго се танцува опуштено и на импровизирачки начин на друштвените собири наречени - Милонга. Оваа техника ја нагласува поврзаноста, комуникацијата и способноста да се движите како едно со партнерот во ритамот на традиционалната танго музика.
Социјалното танго е и уметничка форма и радосен, интерактивен начин за подобрување на здравјето и благосостојбата.