Center 213

Во нашиот простор, ви нудиме приватни танго часови целосно прилагодени на вашите потреби и цели – без разлика дали ќе присуствувате сами или во пар, сте млад или сениор со желба за учење. Со повеќе од 10 годишно искуство во предавање, танцување и постојано усовршување во уметноста на тангото, нашите професионални инструктори ќе ви обезбедат персонализирано водство и ќе ви помогнат да напредувате во ваше темпо. Без оглед на тоа дали сте почетник, напредно ниво или сакате да ја усовршите својата вештина и да го подигнете танцување на повисоко ниво, ние сме тука да ве водиме низ секој чекор со посветеност.

Зошто да не изберете нас?
  • Прилагодена настава: Нашите приватни часови се персонализирани за вас, тоа значи добивате специјализирана програма од 4 часа месечно секој час од 90 минути (техника, изучување нова материја и практилонга со инструкторите) добивате фокусирано внимание и водство посветено само на вас.
  • Искусни инструктори: Долгогодишно искуство во практикување, изучување и пренесување на Аргентинско танго, методолошки пристап и анализа на секоја индивидуа посебно, ние сме посветени да ви помогнеме да го совладате овој невербален јазик, од основни чекори до напредни техники.
  • За сите возрасти и нивоа: Без разлика на вашата возраст и вашето ниво од познавање на оваа техника, нашите часови се дизајнирани да ги исполнат вашите потреби, ниво на искуство и лични цели.
  • Комфор и удобност: Приватните часови ви овозможуваат да учите во релаксирана и пријатна еден-на-еден атмосфера, во внимателно уреден простор. Со можност за кратки паузи за кафе или чај, имате целосна слобода да поставувате прашања и да добивате персонализиран повратен одговор кој е насочен кон вашите потреби и напредок.
Придобивки од Приватни Часови по Аргентинско Танго:
  • Забрзано напредување: Со индивидуален пристап, ќе постигнете значителен напредок во вашата техника и самодоверба побрзо одошто би очекувале.
  • Учете без притисок: Вежбајте во сопствено темпо, ослободени од динамиката на групна средина, со фокус на целосно разбирање на секој чекор.
  • Засилена врска со партнерот: Создадете подлабока хармонија со вашиот партнер преку заедничко учење и танцување во приватна и пријатна атмосфера.
  • Подготовка за специјални моменти: Без разлика дали ова го правите само за ваше задоволство или за некој важен настан, приватните часови ќе ви помогнат да оставите впечаток на целокупниот ваш изглед и на танцувачкиот подиум.
  • Подобрување на телесната форма и држењето: Изучувањето на Танго техниката ги зајакнува балансот, постурата и флексибилноста, позитивно влијаејќи на вашето физичко здравје.
  • Ослободување од стрес: Преку танго, ќе уживате во забавен и релаксирачки начин за намалување на стресот, подобрување на расположението и зајакнување на менталното здравје.

Нашите приватни часови по Аргентинско танго нудат уникатна можност да се вклучите во убавината и уметноста на социјалното танго, додека уживате во усмереното внимание кое ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели. Без разлика дали танцувате за забава, фитнес или специјален настан, ние ви обезбедуваме стручност и поддршка за да успеете во тоа.

Пријави се и започни веднаш