Дали и вие сте една од жените кои имаат потреба или едноставно сакаат да носат високи потпетици но не знаат како да чекорат во нив а тоа да изгледа елегантно и секако без болки. Прегрнете ја вашата женственост додека се движите со самодоверба, моќ и елеганција. Секоја сесија за вежбање е можност за да се предизвикате себе си, да се изразите и да ја ослободите вашата внатрешна енергија.
Вежбите на “Walk like a real Lady” комбинираат елементи од традиционалните фитнес рутини со уникатниот предизвик да се носат високи потпетици.
75 минути вежбање од кои првата половина е микс од разни вежби за загревања на стапала, јакнење на зглобовите на стапалата како и вежби за целото тело, боси, потоа во штикли вежбаме начини на чекорење баланс и постура и на крај часот го завршуваме со истегнување.
Водени се од инструкторка специјализирана за вежби за разни возрасти како и долгогодишна инструктока по Аргентинско танго.
* Вежбите се безбедни и нема да ви предизвикат никакви повреди додека се изведуваат, напротив ќе ве научат на вешто чекорење во штикли долги часови без болка.
Фит Дама вежбите промовираат зајакнување, сила, рамнотежа и самодоверба додека нудат забавен и иновативен пристап кон фитнесот за жени од сите возрасти и нивоа на фитнес.
Комотна гардероба и вашите омилени штикли за вежбање чекорење.