Center 213

Часовите по Аргентинско танго нудат посебна можност за студентите да се запознаат со овој невербален јазик и вештина која изразува танц со потекло од Уругвај па Буенос Аирес, Аргентина.

Танцот е познат по својата уникатност, комуникација меѓу партнерите и импровизацијата, која го прави совршена комбинација на уметност и личен израз.

Часовите се креирани за почетници и не бараат претходно танцово изкуство.

Зошто студентите да се запишат на часови по танго?
  • Културно збогатување: Танго е повеќе од танц – тоа е уметност и дел од светското културно наследство што ќе ви помогне да го проширите вашиот хоризонт.
  • Развивање на социјални вештини: Танго е танц кој се базира на партнерство, доверба и комуникација, што ќе ви помогне во градење нови пријателства и меѓусебно разбирање.
  • Релаксација и бегство од стресот: Во периодот на интензивни студии, часовите по танго нудат простор за опуштање и уживање.
  • Забава и инспирација: Танго е возбудлив начин за изразување преку музика и движење, носејќи радост и енергија.
Придобивки од изучување Аргентинскотанго:
  • Подобрување на држењето: Танго го зајакнува телото, ја подобрува рамнотежата и придонесува за здрава поставеност на личната постура.
  • Зголемена самодоверба: Учењето нова вештина и усовршување на движењата поттикнува чувство на достигнување.
  • Емоционално ослободување: Танго ви дозволува да ги изразите чувствата преку танц, што е корисно за менталното здравје.
  • Креативност: Импровизацијата е основа на тангото, што ви овозможува да развивате сопствен стил и уникатност проширувајќи ја вашата вештина за креативно размислување и изразување.
  • Физичка активност: Танцот е одличен начин за одржување на кондицијата и подобрување на флексибилноста и издржливоста, како и координацијата во простор.

Часовите по Аргентинско танго се совршени за студентите кои сакаат да ја истражат уметноста на танцот, да се поврзат со нови луѓе и да го збогатат своето секојдневие со креативна активност.

Пријави се и започни веднаш