Center 213
Владанка Колева

Владанка Колева е родена 1993 година во Кавадарци, Р.С. Македонија, со истакнат прoфесионален развој и уметничка страст. Како дипломиран правник ги продолжува своите магистерски студии и се стекнува со титулата магистер по науки во областа на Интелектуалното право.

За време на студиите се запознава со Социјалното Танго и во 2017 година станува инструктор во танго школата „Академиа Тангом“ каде што го пронаоѓа својот талент за танцување, комуникација и пренесување, користејќи ги вештините и методологиите стекнати од дотогашните академски студии и работното искуство од истата област.

Паралелно со кариерата како правник во Школата за дизајн и уметност „Skala School“ во 2021 година студира на Академијата за Графички дизајн и фотографија, тоа и овозможува да ги спои своите вештини во уметноста и дизајнот, развивајќи талент за фотографирање и создавање на визуелни прикази.

Таа беспрекорно ја користи својата правна острина со уметничка визија каде што успева да ги комбинира тангото и креативноста преку активно фотографирање на разни танго настани, создавање на креативни решенија и предавање танго часови на меѓународно ниво.

Денес е претседател на ребрендираната децениска организација „Центар за личен развој, креатива и настани 213“, каде што продолжува да предава часови по социјално танго и активности за здрави навики за сите генерации.

Нејзината посветеност кон уметноста, правото и тангото го прави пример за комбинација на различни професионални интереси во хармонична и успешна кариера.

Останати инструктори