Center 213
Онур Мок

Онур Мок е роден септември 1985 година во Скопје, Р.С. Македонија, полиглот исполнет со спиритуална креативност.

Од рана возраст се запознава со музичката уметност и изучува клавир во класата на професорка Чадиковска. По завршување на математичко средно училиште “Јахја Кемал Колеџ”, го продолжува високото образование и дипломира комуникациски науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.

За време на студентските денови, тој постигнува значителен успех во организирање на настани, забави и ја ко-креира најгледаната ТВ-шоу програма „Ексклузив на А1“ поврзана со шоу-бизнисот во Македонија.

Во истиот период Онур ја искусува и седмата уметност со неколку улоги зад камерите.

Кариерата ја продолжува во бројни проекти каде што добива искуство од областа на маркетингот, продажбата и организационите процеси во компаниското работење.

Со социјалното танго се запознава во 2010 година и од 2011 година активно учествува во градење на танго заедницата во Македонија.

Несебичното споделување на знаењето од областа на тангото, стекнато од присуство на различни фестивали и танго работилници со најреномираните имиња во танго светот му даде можност да го основа Здружението за афирмација на аргентинско танго “Academia TangoM”, во Скопје во 2014 година.

Онур Мок и неговата посветеност кон тангото резултираше со реализирање на преку 1.000 групни часови, приватни часови, машки техники, практики, викенд семинари и настани за танго. Значението зад уметничкото име Мок, симболизира „Личност која ги прави другите личности среќни“ преку пренесување на вештините, музикалноста и техниките со кои се има здобиено.

Денес е основач на ребрендираната децениска организација „Центар за личен развој, креатива и настани 213“, каде што продолжува да го пренесува знаењето и е дел од активностите кои целат кон персонално и општествено подобрување.

Останати инструктори