Ако сакате да го намалите стресот, да пристапите кон повисокиот ум, да ја дознаете или да се потсетите на вашата повисока цел во животот ви ја претставуваме оваа Словенска гимнастика/Словенска јога - Сила Берегинија наречена и јога за жени.
Енергетска старословенска пракса исклучиво за жени која што ги опфаќа сите сегменти од животот и преку динамични положби налик на танц, афирмации и симболи придонесува за ментален, емоционален и хормонален баланс, будење на сензуалноста и автентичност.
Овие вежби се насочени кон зајакнување, истегнување и опуштање на телото, стимулирање на ендокриниот систем, како и помош при стрес, деблокирање на емоциите и подигнување на вашето расположение. Отворање на колковите, подобрување на хормоналниот систем, обновување и подигнување на градите, дизајнирани за подобрување и поддршка на женското тело без исцрпувачки вежби.
Придобивки доколку практикувате Берегинија:
Берегиниите се добар алат за трансформација и одржување на женското здравје;
За одржување хормонален и емоционален баланс и ментален фокус,
За себеспознание, за проширување на свеста.
Нé поврзуваат со ритамот на природата.
Помагаат за конекција на телото и умот, нé враќаат во женската енергија, стануваме поавтентични.