Елена Јанковска, 45г.
Елена практикува јога како своја лична пракса веќе 30 години, а својот восхит и љубов кон јога, веќе 15 години ги пренесува на други.
На нејзините часови асаната (физичката форма) е основата на праксата, но атмосферата во салата е дополнително исполнета со секакви философско, психолошки увиди и мудрости, за да практикантите лесно се утврдат во сознанието дека јога не е само дисциплина за телото, туку пред се за умот, точно да го мапираат умот и како тој работи, за да може да ги донесат потребните промени.
Нејзините часови јога се вистинска алхемиска лабораторија каде секој практикант треба да осознае дека во својот живот тој е главниот алхемичар кој може се што му се чини излишно, непотребно, негативно, да го трансформира во нешто свежо, ново, корисно.
Елена често знае да каже, дека јога не е единствената духовна пракса за себеосознавање, но дека според неа, јога секогаш ќе остане најсеопфатната и најинтересна пракса со таа цел.
Овој период Елена го завршува коучинг курсот за Јунговите Архетипови, колективното несвесно, Анима и Анимис, со надеж дека и преку тој агол ќе успее да им помогне на сите други трагачи по суштинското и вистинитото во постоењето
Од неодамна Елена е и Реики практикувач, па така освен за терапевтски јога часови (групни или индивидуални), може да ја контактирате и за исцелувачки Реики сесии