Во поминатите години како танчер и учител имам слушнато многу критики за англискиот термин “lead” (води) и “follow” (следи) и за нивните изведенки на други јазици. Според речникот зборот “да се води” (анг. to lead) се дефинира како “да водиш на одреден начин посебно претходно осмислен”, “да насочуваш во правец или насока” и “да служиш како канал кон нешто “. Глаголот “следи/да следи” (анг. to follow) е дефиниран како “да оди или доаѓа по или позади нешто или некого”. Како што можете да видите, овие зборови според нивното основно значење прилично точно ги опишуваат улогите во тангото и се лишени од било каква емоционална конотација. Сепак, на многу луѓе не им се допаѓаат.
Социјалното танго е танц од ЗАЕДНИЧКА ИМПРОВИЗАЦИЈА, во извесна смисла, претставува разговор помеѓу две личности. Како и во секоја друга конверзација, еден треба да започне, а другиот да се приклучи. Во другите јазици зборот “водење” понекогаш е заменет со зборовите “упатува” или “одредува”. Сепак, сите терминологии посочуваат кон основниот поим: “предлагање на насока” за лидерите и “движење во предложената насока” за тие што следат.
Низ човековата историјата зборовите leader и follower се употребуваа за означување на поими кои имаат многу малку заедничко со основото значење на зборовите. Моделот на “водење и следење” често доаѓа до забуна со моделот “наредување и послушување на наредба”. Во моделот на “наредување и послушувањена наредба”, доминантната страна, дали буквално или пак во друг контекст, ја присилува другата страна на покорување и го загрозува нејзиниот опстанок. Овие историски конотации понекогаш се многу силни. Неколку пати кога одржував часови во Германија никако не можев да си дозволам да го изговорам терминот “Führer”.Вистина е дека моделот на “наредување и послушување на наредба” нема никаква поврзаност со водење и следење. Доколку сакате да имате еден интересен разговор или вистински поврзан танц, тогаш со моделот на “наредување и послушувањена наредба” никогаш нема да ви успее.
Едноставно кажано, водачот/лидерот во тангото е одговорен за движењето на партнерот во просторот. Тој предлага одреден шаблон, нацрт и на другата личност и дава доволно информации за да може да го следи. Суштината на водењето е во давање на НАСОКА. Улогата на следбеникот во тангото е да ја почувствува дадената предложена насока и активно, без двоумење да се движи по неа. Суштината на следењето е во ДОВЕРБАТА. Поради ова, многу учители на кои им е мака од збрката “води-и-следи”, ги употребуваат зборовите “предлагање” и “одговарање”. Но, за мене зборовите “води” и “следи” се посоодветни за искажување на улогите. Добриот водач/лидер не само предлага нешто, тој е одговорен за двојката, парот како целина, тој ќе одлучи каде и како ќе се движи, зависно од околностите и доста значајно зависно од способностите и карактеристиките на следбеникот. Следењето не е само во тоа да се одговори на предлог, туку спроведување на движењето, целосно изразување на себеси, на вашата музикалност, вашата енергија во даден шаблон.Во интеракцијата помеѓу двете улоги постои и парадокс: штом особата што следи ја разбере насоката и брзината, тогаш таа го “води” парот едноставно со движење, додека лидерот го “следи” со цел да се задржи конекцијата.
Кога жената започнува со танго, многу често на почетокот сето ова не и јасно. Зборот”следи” во конотација на “послушност кон наредба” е револтирачки за секоја модерна, независна, а камоли феминистичка жена. Кога учителот ќе и каже “престани да мислиш и почни да следиш”, во тој момент збунетоста се акумулира. Вистинската порака е да го оставите настрана рационалното толкување и да верувате во поканата за движење. Сепак, жената сето тоа го разбира како: “Јас треба да станам пасивен предмет кој не размислува, кој лидерот ќе го движи наоколу” и оттаму има две опции. Или ќе биде предмет или ќе се побуни, што е еднакво со значењето на: ” Можам да разговарам со тебе единствено ако јас сум таа која зборува”.
Кога жената го одбира моделот на послушување на наредба се случува тоа да таа чека од лидерот да го индицира нејзиното двиижење од почетокот до крајот. Ова ја прави нејзе спора и со тоа единствено што му преостанува на лидерот е да одлучи дали ќе прекине да танцува со нејзе или пак да примени сила за да ја движи наоколу. Со ова се изградува еден опасен круг: колку помалку жената се движи, толку повеќе мажот бутка, а колку повеќе тој бутка таа е помалку принудена да се движи. Овој начин на движење е исто како да шетате со пријател, но цело време да очекувате од пријателот на секој чекор да ви каже каде точно да стапнете. Кога жената одлучува да биде пасивен предмет, таа го осудува нејзиниот партнер на живот посветен на поместување мебел. Кога лидерот ја заменува својата патрнерка за парче мебел, тој самиот се осудува да биде одбиен од поголемиот број надостапни танчери.
Вистина е дека, следењето нема ништо заедничко со пасивноста, како што и водењето нема ништо со силата. Следењето е многу активна улога, секогаш подготвена, постојано во течение таму каде што има простор, постојано слушајќи и постојано реагирајќи, секогаш отворена кон импулс и предлог. Исто како реката: сѐ додека има простор за реката да тече таа ќе тече, нема потреба за некој да ја турка. Да следиш значи да ги отстраниш своите осудувања, да веруваш на другата личност каде те води и ДА ОТИДЕШ ТАМУ со целото твое битие, на свој начин, изразувајќи се себеси низ движењето. Следењето е избор, претставува соработка. Доколку јас одлучам да не следам, за еден маж да може да ме помести ќе треба физички да ме собори.
Омилен трик кој сакам да го користам кај ученик-почетник е да го водам чекорење со повремено незначително допирање, или пак воопшто никакво допирање. Неговата потполна вчудовиденост кон мене (ситна жена!) , која го водам него (голем и несмасен маж!) да се движи во насока која јас сакам укажува на “магијата” во тангото. Водењето не се состои само во покажување на патот, се состои и во тоа да подготвеноста за движење на другата личност се употреби за свои креативни потреби. Многу учители сакаат водењето да го споредуваат со возење на автомобил, доколку добивав пари за секој пат што ме нарекуваа Ферари до сега сигурно ќе си дозволев да имам едно. Јас често велам дека водењето е како играње со детенце. Детето си поседува своја енергија, волја и идеи кон тоа што тој/таа сака. Трикот е во тоа да го наведете ОВА дете да игра СО ВАС.
Друга причина зошто често се помешуваат значењата помеѓу “води и следи” и “наредба и послушност” е бидејќи изразуваат иста енергија, која заради јасност ќе ја наречам “машка” и “женска”.
(Оваа гледна точка и следниот параграф доведе до сосема извесна дискусија, во која со право се нагласи дека именувањето на овие енергии како “машка” и “женска” премногу се поврзуваат со биолошките родови или пол. Ова не е мојата намера, бидејќи овие енергии ги гледам како одвоени од биологијата. Меѓутоа, вистина е и дека објаснувањето на работите со само овие две енергии е премногу едноставно, а ние луѓето сме доста комплексни. Се согласувам. Наредниот параграф се состои од размислувањата кои досега ги имам во врска со двете улоги во тангото и двете енерги или квалитети. Сосема сум свесна дека е потполно можно и да грешам.)
Мажествената енергија е енергијата на ДЕЈСТВУВАЊЕ. Станува збор за делување, истражување, создавање, уништување. Водење е правиот израз за оваа енергија, се работи за имање на цели, управување, насочување, одговорност и навигација. Женствената енергија е енергијата на ПОСТОЕЊЕ. Станува збор за влевање онаму каде што има слободен простор, негово потполнување, привикнување на него, се работи за интуиција, чувство, имање на доверба, давање живот на нови работи и трансформирање. Една од најубавите страни на тангото е што дозволува на овие две енергии да се изразат самите себеси додека си играат една со друга. Сепак, за да бидете вистински лидер потребно е да имате “капка” на женствена енергија во вас и како вистински следбеник ќе ви биде потребно “капка” на мажествена енергија. Зошто е тоа така? Бидејќи, кога се оди до крајност со нив, овие енергии стануваат “наредба” и “послушност на наредба”. Одењето до крајност на мажествената енергија се претвора во насилство, а женствената енергија во целосна пасивност. Првата енергија создава мачо маж, а другата создава принцеза. Во танцот тоа значи дека мажот ја притиска жената во неговите раце и ја влече низ танцовиот под, додека тааврти и чекори брзо со нозете за да не ја прегази. Ова беше чест начин на танцување кога започнав со неговото учење. Во тие денови познатата изрека, која ми изгледаше необична изјава, беше “секоја направена грешка е грешка на лидерот”, што си помислив ако е навистина така, тогаш лидерите ќе бидат пресреќни да танцуваат со било кој. Сепак, очигледно беше дека лидерите преферираат да одберат следбеник кој добро танцува. Но, за жал на многу места каде што ќе отидете ќе го видите “мачо/принцеза” начин на танцување. Тоа што е важно да го разберете е дека проблемот не е во зборовите, туку во тоа како луѓето ги интерпретираат. Зборовите си се сосема совршени.
Секој од нас ги поседува двете енергии, и мажествената и жествената, притоа нивниот баланс не е различен кај секој човек, туку е различен во секоја одредена ситуација. Кога јас водам, повеќе ја изразувам мојата “мажествена” енергија; кога следам мојата “женствена” енергија. Жената која сака да води не значи дека е борбена феминистка, таа само сака да води. Мажот кој сака да следи не значи дека е покорен или хомосексуалец, тој едноставно сака да биде во таа состојба на постоење,која што следењето го индуцира. Доколку преферирате други зборови, одберете ги оние кои вам ви одговараат најмногу. На крајот од краиштата , како ќе ги примените во танцот е тоа што е најважно.