Center 213

ХОРМОНАЛНА ЈОГА e специјализирана форма на јога дизајнирана да помогне во балансирање и поддршка на ендокриниот систем,по методот на Дина Родригез од Бразил, 97 годишна жена, која сеуште е активна. По професија е филозоф и јога учител, почесен член на светската јога асоцијација. Оваа е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација- јога нидра тибетански и будистички енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено ги враќаат хормоналниот баланс.

Наменета за жени со секаков вид на хормонални нарушувања и заболувања, како што се менструална болка, ПМС, полицистични јајници, болки во зглобовите, мигрена, остеопороза, Хашимото, хипо и хипертироидизам, зголемена телесна тежина и емоционална нестабилност за време на хормоналните промени. Типични несакани ефекти на менопауза како што се топло ладни бранови, нарушено спиење, депресија, раздразливост, кршливи нокти и тенка коса можат да се ублажат или целосно да исчезнат. Покрај здравствените придобивки, хормоналната јога овозможува на жената во периодот на хомонален пресврт да го одджи својот младешки изглед што е можно подолго.

Со еден збор хормонална терапија, без несакани дејства.

Придобивките од хормоналната јога:
  • подобрено расположение
  • зголемено ниво на енергија
  • намален стрес
  • зголемена флексибилност
  • ослободување од симптоми поврзани со хормонални флуктуации како топли бранови, замор и промени во расположението.

Редовното вежбање може да промовира чувство на целокупна благосостојба и да го поддржи природното хормонално здравје

Пријави се и започни веднаш