АЈХАН КУРТОВ – [Пијано] е Професионален Пијанист, и професор по Пијано при Дмбуц Илија Николовски-Луј Скопје. Во текот на своето образование има учествувано на низа концерти, фестивали, учество на ревијални настапи низ повеќе градови во Македонија,и странство.Има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и има освоено повеќе значајни награди: на натпреварите во 1997, 1998, 2002.
Второ место Дуо Пијано на државно ново.
Активно учествува на концерти како солист,и како камерен музичар. Активно работи во модернизирање,електонска обработка и аранжирање на композиции за Пијано за деца, од сверата на класичната,филмската,традиционалната,и танго музиката со цел доближување на истата до најмладите.
Ајхан Куртов има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Топол културен бран,и многу други настапи на концертни сцени во Македонија, и концерти во Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Косово,и Турција.
2023год.Добитник е на значајно признание За извонредната посветеност и достигнување во областа на наставата по Пијано и претставување на студентите да настапат во “Карнеги Хол”.