Филип Петрески роден во Прилеп, Македонија.
Основното музичко образование го завршил во ООМУ ,,Ордан Михајловски - Оцка’’ во родниот град.
Своето образование го продолжил во ДМБУЦ ,,Илија Николовски - Луј’’ Скопје во класата по хармоника на проф. м-р Зорица Каракутовска, во чија класа на Факултетот за Музичка Уметност Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје дипломирал со највисока оцена "cum laude".
Како солист гостин и член во разни камерни состави учествувал во повеќе манифестации меѓу кои и меѓународниот проект "WORLD ACCORDION DAY" (6-ти мај Светски ден на хармониката), концерти организирани од Музичка младина на Македонија, Фестивалот "Златна Лира", Musica Viva, Фестивал на млади хармоникаши, DAM – Фестивал, Вечер со звуците на хармониката, Филхармонија за филхармонија и други.
Во 2015 год. Филип се закитил со 5-то место на еден од најпрестижните натпревари за хармоника “Castelfidardo“ во Италија, додека истата година го промовирал македонското творештво на светскиот куп за хармоника “Coupe Mondiale“ кој се одржал во Турку – Финска со изведба на делото "Dej-gi-di" од композиторката Бете Илин.
Филип во 2021 година се закитил со Златен медал во Италија на 12-иот интернационален нантпревар за хармоника "ITALY AWARD", додека континуирано на македонската музичка сцена го одржал својот прв рецитал под називот „Вечер со звуците на хармониката“ во Охрид, а со полурецитал настапил и на 61-то издание на Фестивалот „Охридско лето“ на подиумот за млади.
Неколку месеци подоцна во 2022 година Филип, организира уште еден солистички рецитал во Скопје, во просториите на НУ Македонска Филхармонија, на кој земаат учество професори и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Денес Филип е редовен професор по хармоника во средното и основното државно музичко училиште “Тодор Скаловски – Тетоец“ во Тетово, каде своето знаење и искуство го пренесува на младите генерации. Исто така е член на камерниот состав AGOGIK со кои редовно настапува на различни фестивали, маратони и манифестации на државно и интернационално ниво.