Center 213
Сандра Бегович

Студент на јога и ајурведа, истражувач на животот и патник. Сандра го посвети својот живот на работата со деца со посебни потреби и нивните семејства. Таа смета дека образованието и оснажувањето на поединецот се едни од најважните работи во животот и основа на вистинската слобода на секој човек.

Веќе 20 години се занимава со јога техники. Има лиценца за изведување терапевтска јога со бебиња, деца, адолесценти и млади возрасни лица со посебни потреби, а завршила е специјализирана обука за јога терапија со деца од спектарот на аутизам, ADD, ADHD, церебрална парализа, Даунов синдром и јога терапија во рана интервенција со бебиња и деца со различни потреби (Јога за сите способности – методата Сонја Сумар). Таа е учителка на јога за возрасни (TT500 Sri Sri школа за јога) и сертифициран и лиценциран ајурведски практичар (виша диплома Европска ајурведска академија).

Основач е и менаџер на ГитаЗен холистичкиот центар во Хрватска и Македонија. Редовно води онлајн и во живо индивидуални и групни часови по јога за деца и возрасни, како и ајурведски консултации, работилници, едукации и повлекувања.

Повеќе соработници