Ви ja претставуваме нашaта драга пријателка и соработничка Соња Малиновска,
Родена во Скопје. Високо образование завршува на Природно-математичкиот факултет, насока биологија и хемија, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, при што се стекнува со звањето професор по биологија и хемија во основно образование, а потоа продолжува и завршува магистерски студии на Институтот по хемија, насока применета хемија.
Неколку години живее во Лондон.
По враќањето во Македонија започнува активно да се занимава со јога и во 2010 година, станува сертифициран водител и предавач на јога и анти стрес програми (работилници), Art Excel и Yes, наменети за деца и тинејџери на возраст од 7 до 18 год., како и водител и предавач на работилниците Запознај го своето дете наменета за родители кои имаат деца на 0-10 годишна возраст и Запознај го својот тинејџер, наменета за родители кои имаат деца-тинејџери.
Едукацијата за сите овие програми ја стекнува во Академијата на International Art of living во Германија.
Долги години работи со деца јога и програми за правилен физички, ментален и емотивен раст и развој на деца на различна возраст.
Нашата драга Сонја ќе се грижи за нашите најмили во програмата "ЈОГА ЗА ДЕЦА"