ГАЛА МИЛОНГА на Скопската танго заедница Лимак Луксузен Хотел 25 ти Јули 2026 (сабота) 21:30 – 01:30 ДЏ: Ивица Антески Дрескод: Танго и Елегантен Влез: СЛОБОДЕН
Со голема радост ја најавуваме втората SKOPJE GALA MILONGA.
Mесечна танго средба со една силна мисија која ќе ги обедини сите љубители на аргентинското танго во Скопје.
Оваа милонга е создадена како заеднички простор за сите танго школи, индивидуални предавачи, танго ДЏи,
организатори на танго настани и сите што едноставно го носат тангото во срце.
Тука сите танцуваме на ист подиум. Различни стилови во една заедница. Промоција без натпреварување. Поддршка без услови.
Нашата визија е: - да создадеме силна локална танго сцена - да привлечеме танцувачи од регионот и странство, особено нашите соседи - да покажеме сплотена, отворена и квалитетна заедница Влезот е слободен, со идеја сите заедно да уживаме во атмосферата.
GALA MILONGA – место каде што тангото спојува. Сите заедно поубаво е!
Ве очекуваме да ја поддржите идејата и да си дојдете сите на вашата танго забава.