Танго Работилница Откривање на тангото преку прегратката Повеќе од чекори: Комуникацијата во тангото
Со големо задоволство го најавуваме гостувањето на Marcelo Bottaro од Буенос Аирес, истакнат професор по историја на аргентинското танго со повеќе од дваесет години искуство во Аргентина и Европа. Тој е организатор на повеќе успешни милонги во Буенос Аирес, што му ја донесе позицијата претседател на MiSeSo – Milongas with Social Sense Association, функција што ја извршува од 2017 година до денес. Исто така бил член на Советодавниот совет на BA Milonga во мандатниот период 2018–2022, како и надзорник на Buenos Aires City Tango Festival за изданијата 2022, 2023, 2024 и 2025 година. Во мај тој беше ко-продуцент на презентацијата на Orquesta Típica Misteriosa Buenos Aires во Атина. Марсело редовно учествува на престижни фестивали во Европа и Америка како изведувач, предавач и водител на работилници и семинари.
Цел на работилницата: Да им се понуди на учесниците танго искуство преку кое ќе го откријат танцот преку комуникацијата и прегратката – вистинското срце на тангото.
Содржина на работилницата: Оваа работилница е фокусирана на телесната комуникација и поврзувањето преку прегратката – суштинската основа на социјалното танго.
Во текот на часот ќе се обработуваат следните теми: • Принципи на телесна комуникација во тангото • Вовед во тангото преку прегратката како алатка за водење, слушање и поврзување со партнерот • Основни технички елементи за постигнување удобна и течна конекција • Техники на комуникација од двете улоги • Вовед во импровизација базирана на конекција • Позиција на телото и прилагодување на прегратката за подобра комуникација во танцот
Времетраење: 2.5 часа
Работилницата е наменета за сите нивоа и за луѓе кои веќе танцуваат танго, и за оние кои сакаат да започнат, без потребно претходно искуство
Локација: Center 2 1 3 (20ti Oktomvri br.1) Датум и време: 8 May 2026 | 19:00 – 21:30 Цена: 800 ден. (во цената е вклучен влез на Milonga 213) https://www.facebook.com/share/1CH7aEYUgc/