Танго искуство со ЕКОВЕНТ и ДАИКИН во Охрид
Горди сме што бевме дел од тим-билдинг програмата на ЕКОВЕНТ, претставник на брендот ДАИКИН, најголемиот во Југоисточна Европа. Во прекрасниот Охрид, во текот на два дена одржавме танго часови преку нашата програма „Научи танго вештина“, дополнети со настап и забава за сите учесници. Со многу смеа, танц и дружење, создадовме незаборавни моменти, помагајќи им на вработените да се поврзат на нов и забавен начин.