Име на настанот: Берегинија - Славјанска Јога за жени
Датум на одржување:18 ти јануари од 11:00 - 14:00
Каде: ВоЦентар 2 1 3
Инструктор: Радица Миланова сертифициран меѓународен Берегинја водич
Оваа работилница ќе ги запознае учесниците со Берегинија - словенска јога или јога наменета само за жени. Словенската јога е физичка и ментална вежба, движењата и позите се инспирирани од природата, имитирајќи животни или растенија. Составени од сетови во девет (9) круга, тие се практикуваат во зависност од сезоната, времето, па дури и датумот на раѓање на вежбачот.
Вежбите се збир од 27 практики кои имаат за цел зајакнување, истегнување и опуштање на телото, стимулирање на ендокриниот систем, како и помош при стрес, деблокирање на емоциите и подигање на нашето расположение. се фокусира на бутовите, колковите, стомакот, матката и женскиот репродуктивен систем
Во секоја лекција ќе започнеме со намера и ќе правиме кратка медитација за да го фокусираме нашиот ум на одредена идеја. Суштината на овој метод е дека за време на часот не само што работиме со телото, преку истегнување за да создадеме рамнотежа и хармонија, тоа го правиме и ментално, насочувајќи го нашето внимание кон нашите цели.
Опис и детали за Семинарот
Што ќе добиете:
- Кафе/Чај од билни состојки и разговор со инструкторот за да ви ја објасни вашата персонализирана карта
- По семинарот ќе добиете личен карактерен опис според датумот на вашето раѓање и насоки во делот на вашите поистакнати страни и таленти и слаби страни, вашиот предизвик.
- Пристап досет одвидеа соперсонализирани вежби, според вашиот датум на раѓање наменети само за вас, кои ќе можете да си ги практикувате понатаму и сами кога ќе посакате.
- Пристап до група од сите јога практиканти на оваа техника со тоа што ќе имате можност да доаѓате на однапред договорени тематски групни вежбања за оние кои веќе го поминале овој семинар.
- Прекрасно ново искуство и конекција со практиканти на оваа техника. Оваа практика е за вашата среќа како жена. За хармонијата, за градење силно семејство и врски. За енергетските врски и за создавање убав простор околу вас!
Распоред на семинарот:
Времетраење на семинарот:
Еден ден, Сабота од 11:00ч до 14:00ч + додатни 30минути за дискусија, оптимално
Содржина на семинарот:
Вовед
11:00 - 11:15 Опис на техниката „Бергинија јога“ и нејзината практика
11:15 - 11:30 Загревање
11:30 - 11:45 Свесно опуштање
- Говор за манифестација
- Визуализации
Почеток со вежбите
11:45 - 12:15 прв сет од 3 круга - 9 вежби
12:15 - 12:25 пауза/ опуштање
12:25 - 12:45 втор сет од 3 круга - 9 вежби
12:45 - 12:50 пауза/ опуштање
12:50 - 13:20 трет сет од 3 круга - 9 вежби
13:20 - 13:35 Опуштање и афирмација на првичната намера
* доколку има потреба паузите помеѓу сетовите може да се и 10минути за вода и опуштање
13:35 - 14:00 Дискусија со чај/кафе
Редовните вежби ви помагаат да го разберете и сакате вашето тело, да се грижите за него и да го третирате како храм. Храм, каде што срцето може да биде во тишина, прифати ги лекциите од животот. Моќта на женската јога е благослов на Универзумот.
Се надеваме дека ќе те запознаеме и ќе се дружиме на овој семинар!