Име на настанот: Берегинија - Славјанска Јога за жени
Датум на одржување: 19-ти Април од 11:00 - 14:00
Каде: Во Центар 2 1 3
Инструктор: Радица Миланова, практикант, истражувач и инструктор
Оваа работилница ќе ги запознае учесниците со Берегинија - словенска јога или јога наменета само за жени. Словенската јога е физичка и ментална вежба, движењата и позите се инспирирани од природата, имитирајќи животни или растенија. Составени од сетови во девет (9) круга, тие се практикуваат во зависност од сезоната, времето, потребите па дури и времето на раѓање, бидејќи праксата е поврзана со старословенскиот хороскоп.
Вежбите се збир од 27 практики кои имаат за цел зајакнување, истегнување и опуштање на телото, стимулирање на ендокриниот систем, како и помош при стрес, деблокирање на емоциите и подигање на нашето расположение. Се фокусира на бутовите, колковите, стомакот, матката и женскиот репродуктивен систем.
Во секоја лекција ќе започнеме со намера и ќе правиме кратка медитација за да го фокусираме нашиот ум на одредена идеја. Суштината на овој метод е дека за време на часот не само што работиме со телото, преку истегнување за да создадеме рамнотежа и хармонија, туку и ментално, насочувајќи го нашето внимание кон нашите цели.
Опис и детали за Семинарот
Што ќе добиете:
Кафе/Чај од билни состојки и разговор со инструкторот за да ви ја објасни вашата персонализирана карта.
По семинарот ќе добиете личен карактерен опис според датумот на вашето раѓање и насоки во делот на вашите поистакнати страни и таленти и слаби страни, вашиот предизвик.
Пристап до сет од видеа со персонализирани вежби, според вашиот датум на раѓање наменети само за вас, кои ќе можете да си ги практикувате понатаму.
Пристап до група од сите јога практиканти на оваа техника со можност за учество на тематски групни вежбања.
Прекрасно ново искуство и конекција со практиканти на оваа техника. Оваа практика е за вашата среќа како жена. За хармонијата, за градење силно семејство и врски.
Распоред на семинарот:
Времетраење на семинарот:
Еден ден, Сабота од 11:00ч до 14:00ч + додатни 30 минути за дискусија.
Содржина на семинарот:
11:00 - 11:15: Опис на техниката „Бергинија јога“ и нејзината практика
11:15 - 11:30: Загревање
11:30 - 11:45: Свесно опуштање
Почеток со вежбите:
11:45 - 12:15: прв сет од 3 круга - 9 вежби
12:15 - 12:25: пауза/опуштање
12:25 - 12:45: втор сет од 3 круга - 9 вежби
12:45 - 12:50: пауза/опуштање
Цена на семинарот: 1800 денари! ПРОМОТИВНО.
Редовните вежби ви помагаат да го разберете и сакате вашето тело, да се грижите за него и да го третирате како храм. Храм, каде што срцето може да биде во тишина, прифати ги лекциите од животот.
Моќта на женската јога е благослов на Универзумот.
Се надеваме дека ќе те запознаеме и ќе се дружиме на овој семинар!