Име на настанот: 4ти Роденден на Академиа Тангом
Кога: 27.01. 2018 година
Каде: Ресторант МКЦ - Скопје
Во периодот од 2014 до 2016, во прекрасниот ресторан во МКЦ, Академија Тангом редовно организираше саботни милонги што станаа препознатливи по својата топла и гостопримлива атмосфера. Студентите од Академијата посветено се грижеа секоја вечер да биде совршена, привлекувајќи локални и регионални танго љубители.
По редовна пракса и добра соработка со овој локал, со гордост ја одржавме и незаборавната Гала Милонга, со повеќе од 100 гости локални и регионални кои заедно го прославија 4-тиот роденден од постоењето на Академијата. Настанот беше облагороден со музиката на Танго ДЈ Немања од Србија, специјално избран поради препознатливоста на создавање магична атмосфера како зачин на овој прекрасен амбиент, видеобим со моменти од танго часовите, разни подароци и убави часови поминати во танцување.