Center 213

МКЦ Милонга

Име на настанот: МКЦ Милонга
Кога: во период од 2014 до 2016 година секоја Сабота
Каде: Ресторант на Младински Културен Центар - МКЦ - Скопје

Чувствувајќи го недостатокот на вистински танго забави, школата Академиа Тангом започна редовно да организира саботни милонги а го одбра токму и овој прекрасен локал МКЦ со одвоен ресторант од подиум со дрвен под само за танцување и прекрасно осветлување. Овие милонги станаа симбол на топлина, елеганција и вистинска гостопримливост.

Тимот на Академијата со голема посветеност се грижеше секоја вечер да биде посебна, исполнета со магија и танго дух. Благодарение на овој труд, милонгите привлекуваа не само локални танго љубители, туку и гости од регионот, создавајќи вистински празник за тангото и заедницата.

Одминати настани
Актуелни настани