Настан: Emotion Tango Marathon ❤️"Feel the essence of tango love"❤️
Кога: 6–10 април 2023 година
Локација: Хотел ЛИМАК Скопје
Основачите на Центарот 213, пред ребрендирањето на школата, ја реализираа својата визија инспирирана од годините искуство во танго светот, организирајќи незаборавен тридневен танго маратон во срцето на Скопје, во луксузниот хотел ЛИМАК. Овој настан беше вистински празник за љубителите на тангото и остана запаметен како уникатно танго искуство - „Танго маратон на Емоциите“
Маратонот беше внимателно осмислен до најситниот детал. Просторот беше беспрекорно декориран, а осветлувањето создаваше магична атмосфера – секоја вечер со различна светлосна тематика. Во текот на кортините осветлувањето беше посилно, додека тандите ги започнуваа во суптилно затемнето амбиентално светло.
Тимот на Академијата работеше неуморно, од поставување на првичниот концепт до целосна организација, обезбедувајќи топло гостопримство. Секој гостин беше дочекан со насмевка, а испратен со убави подароци и спомени што ја одразуваа посебноста на настанот.
Програмата вклучуваше дневни и ноќни милонги, овозможувајќи неверојатни 45 часа танцување на совршен дрвен под од 200 m². За првпат, во Скопје маратон, со најдобрите локални танго ДЈ-и, кои ја дополнуваа атмосферата со внимателно одбрана музика. Настанот го посетија над 100 учесници од целиот свет, со прецизно балансиран сооднос помеѓу лидери и фоловери.
Гостите уживаа во панорамскиот поглед од хотелот, специјално организирана аргентинска вечера во соработка со хотелскиот тим, како и екскурзија низ Скопје што ја заокружи оваа незаборавна танго авантура.
Со својот беспрекорен концепт и гостопримство, овој танго маратон остави траен впечаток во танго заедницата, поставувајќи нови стандарди за организација и уживање во танго културата.