10 години Академиа Тангом – Фотосесии што ја одбележуваат нашата приказна
Во текот на 10 години, Академиа Тангом редовно организираше фотосесии со своите членови, најчесто на секои 3 месеци по завршувањето на првиот степен од изучување на танго вештината. Овие сесии беа начин за промоција на школата, но и можност да се создадат незаборавни спомени. Преку фотографиите, ја славевме убавината на тангото, а истовремено ја ширевме нашата страст кон оваа уметност. Со оваа галерија, го овековечуваме духот на заедништвото и љубовта кон тангото.