Center 213

Семинар за забава

СЕМИНАР ЗА ЗАБАВА 2019 година

- ТАНГО СЕМИНАР -

Во просториите на ТангоМ имате можност да го откриете магичниот свет на аргентинското танго. Свет кој е исполнет со музика и забава.

Тимот на Академиа Тангом ви подготви викенд семинар наменет за почетници, со и без претходно знаење.

- Танго семинарот содржи практичен и теоретски дел.

- За учество на танго семинарот не е потребно Партнер или Партнерка.

- Семинарот е наменет за сите возрасти од 17 до 67 години.

- Минимален број на учесници во семинарска група е 10 луѓе, додека максимален број е 20 луѓе.

- Во семинарската група половата различност ќе е сразмерна 50/50.

- По завршување на семинарот учесниците се здобиваат со можност да присуствуваат на термини за практично вежбање на веќе наученото, со времетраење до 1ви Септември. Како и на останатите активности во организација на Академија Тангом (Забави, проекција на Филм, итн.)

- Семинарот се одржува во просторот на Академиа Тангом од 70м2 со идеална просторна температура, дрвен под и прочистен воздух од ДАИКИН.

- Предавачи на танго семинарот се : Елена Јамандиловска, Владанка Колева, Ангелче Смонтар и Онур Мок.

-----

 

Времетраење на ТАНГО СЕМИНАРОТ:

- 2 дена - САБОТА и НЕДЕЛА

Распоред на СЕМИНАРОТ:

- Сабота од 10:30ч. до 12:00ч. - ПРВ ЧАС

- Сабота од 12:00ч. до 12:30ч. - КАФЕ ПАУЗА

- Сабота од 12:30ч. до 14:00ч. - ВТОР ЧАС

- Недела од 10:30ч. до 12:00ч. - ТРЕТ ЧАС

- Недела од 12:00ч. до 12:30ч. - КАФЕ ПАУЗА

- Недела од 12:30ч. до 14:00ч. - ЧЕТВРТИ ЧАС

Термини за ТАНГО СЕМИНАР:

- 20ти и 21ви ЈУЛИ

- 27ми и 28ми ЈУЛИ

СОДРЖИНА НА СЕМИНАРОТ

- Вовед во Танго

- Вовед во танго Забава

- Свесност и постура на тело

- Комуникација во прегратка

- Техники на чекорење

- Баланс, истегнување и зајакнување на мускулна маса

- Визуелизација и кординација во простор

- Форми и фигури

- Музикалност ниво 1 (Танго музика детална анализа)

Одминати настани
Актуелни настани