Center 213

Танго Приказна во Скопје Концерт

КОНЦЕРТНА ТУРНЕЈА „ТАНГО ПРИКАЗНА“

Почитувани љубители на извонредната музика и танц,

Имаме чест да Ве поканиме на нашата турнеја

Скопје - Битола - Струмица со едно неповторливо музичко искуство!

На ова магично музичко патување, ќе бидете запознаени со извонредниот музички состав “AGOGIC”, чии звуци истовремено ќе ве разнежнат и ги задоволат Вашите сетила.

Составот “AGOGIC” повеќе од 14 години го обогатува музичкиот свет со своето уметничко изведување кое ќе го почувствувате во секоја нота.

Додека ја слушате нивната изведба, Ве покануваме да уживате во сценскиот настап на Владанка и Онур Мок од “Centеr 213”, кои повеќе од 10 години се занимаваат со Аргентинско Социјално Танго.

Концертите ќе се одржуваат според следниот редослед:

- На 14 мај 2024, вторник во 20:30 часот, Ве очекуваме во Салон 19:19, Скопје,

- На 12 јуни 2024, среда во 20:00 часот, Ве очекуваме во Офицерски Дом, Битола,

- На 05 октомври 2024, сабота 20:00 часот, Ве очекуваме во Центарoт за Култура, Струмица.

Бидете дел од ова незаборавно искуство на музичката емоција и страст!

Одминати настани
Актуелни настани