Име на настанот: Новогодишен Подарок - танго семинар за парови
Датум на одржување: 14 ти и 15 ти Декември
Каде: Во Центар 2 1 3
Изненадете се себеси и вашиот партнер со уникатен подарок кој ќе ја разбуди вашата поврзаност и ќе создаде нова форма во вашата конекција!
На овој семинар ќе патувате во длабочините на вашата блискост и преку основите на аргентинското танго ќе го научите јазикот на телото, довербата и заедничкото движење како начин за поврзување.
Што ќе добиете:
~ Време само за вас двајца, далеку од секојдневната рутина.
~ Зближување преку движење – учење како музиката и танцот може да ја зајакнат вашата конекција.
~ Незаборавно искуство што ќе ви донесе насмевки, прегратки и ново чувство на заедништво.
Подарете си танго, но повеќе од тоа – подарете си еден на друг. „Подари Танго“ e семинар кој поврзува срца.
Опис и детали за Семинарот
Времетраење на семинарот:
2 дена, Сабота и Недела од 10:00 до 13:30 ч.
Распоред на семинарот:
Сабота од 10:00ч. до 11:30ч. - Прв дел
Сабота од 11:30ч. до 12:00ч. - Кафе/Чај пауза
Сабота од 12:00ч. до 13:30ч. - Втор дел
Недела од 10:00ч. до 11:30ч. - Трет дел
Недела од 11:30ч. до 12:00ч. - Кафе/Чај пауза
Недела од 12:30ч. до 14:00ч. - Четврти дел
Содржина на семинарот:
~ Вовед во Танго комуникација
~ Вовед во танго Забава
~ Свесност и постура на тело
~ Комуникација во прегратка
~ Техника и системи на чекорење
~ Визуализација и координација во простор
~ Форми и фигури
~ Музикалност