Врати ја младоста, активноста и дружењето преку Танго!
Никогаш не е доцна за нови искуства и пријателства.
Подари си мир во кој музиката ќе те штити.
Остани насмеан во благодарноста за животот!
Танго за Пензионери е новиот почеток на убавината која е создадена за вас.
Од 15 Јануари 2025 година отпочнуваме со нова група за почетници по друштвено танго.
Часовите и практиките:
- Се наменети за сите заинтересирани со или без претходно танго искуство
- Се наменети за мажи и жени со возраст над 60 години
- Се одржуваат два пати неделно, свторник и четврток од 16:00 часот до 17:00 часот.
- Се во време траење од 60мин. Два пати во неделата, осум пати во месецот.
Важно инфо:
- За учество на часовите партнер или партнерка не ви е потребно!
- За учество потребно е да се регистрирате на следниов линк
( https://forms.gle/ZsWWgFQMSn9chdVb6)
- Месечна членарина за 8 часа изнесува 1500 денари и членарината се уплаќа пред почеток на тековниот месец.
- За сите прашања пишете ни порака во инбокс, или јавете се на бројот 076 213 214
- Местата во групата се ограничени.
Содржината на часовите и практиките во Ниво 1,се:
- Вовед во танго (основи на танго комуникација)
- Вовед во танго забава (основи во социјалното танго дружење)
- Свесност и постура (телесна свесност и држење на телото)
- Комуникација во прегратка
- Техники на чекорење
- Баланс, истегнување и зајакнување на мускулна маса
- Визуализација и координација во простор
- Форми и фигури
- Музикалност (Танго музика со детална анализа)
Дозволете си да создадете спомени исполнети со љубов, дружење, емоции, забава и музика.
Почуствувајте го личниот развој преку вештината на медитација во движење.
Никогаш не е доцна за позитивна енергија!